Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос

„После година и пол од Владата на ВМРО–ДПМНЕ, граѓаните не видоа ниту една реформа, а немаат и ниту еден конкретен бенефит“, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител.

„Што видовме, која реформа е направена? Каков бенефит видоа граѓаните од било што од оваа влада -нема една работа“, рече Филипче.

Тој нагласи дека ВМРО‑ДПМНЕ нема политики или проекти кои навистина го подобруваат животот на граѓаните.

„Се освестија граѓаните, свесни се дека немаат никаков бенефит од оваа влада. Еве една категорија на граѓани кажете која што има некој бенефит. Работниците, просечна им се намалува, нема зголемување на минималната плата. За 30 милиони евра се намалени субвенциите во земјоделството“, рече Филипче.

Филипче во интревјуто посочи дека ВМРО-ДПМНЕ пред да дојде на власт наследи средена држава.

„Наследија, средена држава, стабилни финансии, наследија, завршено членство во НАТО со решен повеќе децениски проблем со името. И што направија? Само нешто и некакви празни ветувања. Ете тоа е моментот со состојбата во државата. Ниту едно лажно ветување не поминува на оваа влада“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ ја остави државата со силни основи во сите сектори.

„Милијарди евра странски инвестиции, стабилен пензиски фонд со намалена дупка од 50 на 30%, со систем, со континуиран раст на просечна и минимална плата, дури и во време на тешки кризи, кои што сега ги нема, со скоро милијарда евра ИПАРД програма реализација во поддршка на земјоделството, со континуиран раст на платите кај лекарите и кај просветните работници“, рече Филипче.

Во однос на платите особено во здравството, како што кажа Филипче, во времето на СДСМ имаше континуиран раст.

„Во првите две години од 2018, непосредно до пред почетокот на ковид-кризата, па дури и не цели две години од владењето во тој период во мојот мандат како министер за здравство, дежурствата се зголемија од 800 на 6.000 денари. За 40 проценти пораст на плата на лекарите и специјалистите. Малтене се дуплираа платите кога ќе ги вкалкулираме и дежурствата. Значи, може да има резултати, ако сакате да има“, рече претедателот на СДСМ, Венко Филипче.

https://www.facebook.com/share/v/1BYZBAbRxR/?mibextid=wwXIfr