Соопштение за јавност
Филипче: СДСМ реализираше 80% од капиталните инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ не стига ниту до 50%
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешното интервју во „Тема на денот“, на телевизија предупреди дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ година и пол манипулира со економските показатели, а вистината е дека економијата тоне, се спроведуваат непромислени задолжувања со што власта ја влече државата кон економска бездна.
„Владата треба да биде чесна и бројките да ги аргументира соодветно, а не да се обидува да ја замајува јавноста со некакви проекции“, изјави Филипче, нагласувајќи дека економските прогнози мора да бидат базирани на реални параметри.
Во интервјуто, Филипче нагласи дека до крајот на годината, поради несразмерот меѓу приходите и расходите, во буџетот ќе недостигаат околу 1,4 милијарди евра, што ќе резултира со ново задолжување.
„Досега, владата се има задолжено 1,8 милијарди евра. Што видоа граѓаните од овие милијарда и 800 милиони евра – ништо. И Светска банка и ММФ секогаш велат дека задолжувањето за инфраструктурни проекти, капитални инвестиции не е она задолжување кој што е проблем за државата. Задолжувањето за друг тип на расходи е проблем“, рече Филипче.
Тој додаде и дека наводниот раст на БДП е резултат исклучиво на високата инфлација, а не на реален економски напредок.
„Растот на бруто-домашниот приход се должи исклучиво на високата инфлација. Две третини од бруто-домашниот производ кај нас е структуриран така, да оди од потршувачката на граѓаните. И кога граѓаните повеќе плаќаат за продукти што се поскапи, тоа е растот на бруто-домашниот производ“, рече Филипче.
Во врска со капиталните инвестиции, Филипче потенцираше дека реализацијата нема да достигне ни 50% до крајот на годината – за разлика од претходните влади на СДСМ, каде реализацијата изнесувала и до 80%.
„Близу 80% беше реализацијата на капиталните инвестиции во време на владата на СДСМ. Граѓаните треба да знаат дека оваа влада, држава, води во економски амбис“, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
https://www.facebook.com/share/v/1BYZBAbRxR/?mibextid=wwXIfr