Соопштение за јавност
Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ со години мислеше само на провизиите и коруптивните зделки.
Затоа сега е во паника, следува одговорноста за целокупниот криминал.
Неуспешно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да претстави дека се реализирани некакви инвестиции во патната инфраструктура.
Вистината е сосема спротивна. Во првиот квартал од оваа година има огромно потфрлање во реализацијата на капиталните инвестиции. Реализирани се само 16 проценти.
Во ставката други градежни работи реализирани се само 13 проценти што е незначително.
Затоа пак, во ставката купување на автомобили, реализирани се цели 25 проценти од предвидената сума, што е недозволиво.
Со ова само се потврдува тезата на кумот Ставрески дека додека граѓаните немаат за леб, се троши за чоколади.
Катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат патиштата во Македонија е последица на криминалното владеење токму на Никола Груевски и фамилијата.
Затоа заврши времето на Никола Груевски, следува одговорност за криминалното владеење. Нема спас за аболицираниот Груевски и неговото друштво.
По демократските промени, на следните фер, слободни и кредибилни избори, новата власт предводена од СДСМ, целосно ќе ги укине непродуктивните трошења, а средствата ќе се насочи кон економски развој и обвнова на инфраструктура.
Обновата на патната инфраструктура, изградбата на нови, современи, европски авто патишта во Македонија доаѓаат по демократските промени.
Скопје, 25.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА