fbpx

Груевски со денови не одговара на клучното прашање: како „заштедил“ 118.629 евра?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски со денови се крие зад празни соопштенија и не одговара на клучното прашање: како со плата од 1.400 евра официјално „заштедил“ 118.629 евра за една година?

Груевски е единствениот човек во Македонија на кого му успева со „тајна формула“ да заштеди по 10.000 евра месечно со плата од 1.400 евра.

И целата плата да ја штедел Груевски, сите 1.400 евра да ги ставал во банка, за една година ќе заштедел не цели 17.000 евра, а не 118.629 евра.

Која е „тајната формула“ на Никола Груевски?

Никола Груевски е должен на 180 илјади граѓани кои живеат со помалку од 40 денари на ден поради неговите погрешни политики да им го открие неговиот успешен “начин“ на заштеди од 118.629 евра за само една година. Официјално потврдени.

Граѓаните, преку Вистината за Македонија, дознаа за оф шор релациите на Груевски со рајски земји. Дознаа за милионските тендери што се договарале, за комбињата што шетале да бараат милионски парцели по Скопје и Водно…

Дали оф шор релациите со рајските земји го збогатиле Никола Груевски 118.629 евра за една година, само според достапни официјални податоци?

Ништо нема да го спаси Никола Груевски. Ни нарачаната аболиција кај Горѓе Иванов, за него и за неговите соработници.

Целосно поништување на аболицијата ќе има и сите кои правеле злоупотреби ќе одговараат.

 

Скопје, 25.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести