fbpx

Честитка од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод Националниот ден на Власите во Р. Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По повод Националниот ден на Власите претседателот на СДСМ, Зоран Заев, упати честитка до припадниците на влашката заедница во Македонија.

„На сите припадници на влашката заедница во Република Македонија, во мое лично име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, им го честитам денешниот ден.

Власите дадоа голем историски, културен и општествен придонес во градењето на нашата заедничка држава, Република Македонија. Тоа Македонија нема да го заборави и секогаш ќе биде благодарна.

Денес, сите заедно сме исправени пред предизвикот за враќање на демократските процеси во нашата земја.

Покрај сите предизвици на дешницата заедничкиот соживот помеѓу заедниците во Македонија треба да го унапредуваме секојдневно.

Соживотот нека биде поттик за создавање општество кое ќе обединува, едно општество за сите.

Негувањето на меѓусебните односи нека ни биде заедничка цел и определба која ќе остане вредно наследство за идните поколенија во просперитетна Македонија.

Само со одговорно и искрено продлабочување на заедништвото, меѓусебната толеранција и почитувањето на посебностите може да обезбедиме стабилна и сигурна иднина за сите граѓани во Република Македонија како едно општество за сите“ вели претседателот Заев во честитката до граѓаните од влашката етничка заедница.

 

Скопје, 23.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести