Соопштение за јавност
Филипче: Време е за обединување и отпор против власта што ја уништува државата
„Се соочуваме со опасност за која мислевме дека е зад нас, со власт што гази врз достоинството на човекот. Власт што не ги слуша граѓаните, туку ги заплашува, манипулира и лаже. Власт што не ги решава проблемите, туку арогантно ги игнорира. И што е најопасно власт што сака луѓе кои молчат, се покоруваат и не се надеваат на ништо подобро,“ ,“ порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од вечерашниот митинг во Куманово.
Тој пред граѓаните на Куманово порача дека Македонија повторно е под закана од поголема партизација, економско уништување, поделби и бесперспективност.
„За само година и пол власт на ВМРО-ДПМНЕ, државата назадува во секоја област. Наместо реформи, добивме блокади. Наместо решенија, добивме оправдувања. Наместо развој, гледаме страв и реваншизам. Оваа власт сака да создаде држава во која нема место за никој освен за тие што се блиски до Белата палата. Тоа не смееме и нема да го дозволиме,“ рече претседателот на СДСМ.
Од Куманово, градот на слободата и отпорот, Филипче испрати јасна порака за обединување и мобилизација.
„Нашата обврска е јасна да не молчиме! Да не дозволиме Македонија да стане приватна сопственост на неколкумина. Време е да се исправиме, да ја подигнеме партијата, да ја подигнеме државата, да ја вратиме надежта и достоинството на народот. Во недела да излеземе масовно на гласање. Да покажеме дека СДСМ е тука, дека СДСМ е силен, и дека падот на оваа арогантна власт започнува веднаш, од понеделник!“ порача Филипче, завршувајќи со аплауз и силен повик за обединета победа.