fbpx

Претседателот Заев се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија Јан Петерсен

Facebook
Twitter
LinkedIn

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес оствари средба со шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија, Јан Петерсен.

Претседателот Заев рече дека само враќање на правото и организирање на фер, деморатски и регуларни избори, признати од меѓународната заедница, можат да бидат излез за сложената политичка криза во којашто е Македонија.

СДСМ е подготвена и бара избори веднаш но тие мора да бидат регуларни, со исполнување на сите услови, за да се избере кредибилна влада.

– Аболицијата мора целосно да биде поништена. Правото да се врати и законите да важат за сите. СДСМ како најголема опозициска партија има одговорност да ја врати државата во нормален тек и да се избори за европски вредности, правда и слобода. Заедно со граѓаните ќе ги преземе сите чекори потребни за враќање на правдата, слободата и демократијата. Остануваме посветени и ќе направиме се што е потребно за остварување на овие цели во коишто искрено веруваме и од коишто нема да се откажеме, порача претседателот Заев на средбата.

Шефот на мисијата на ОБСЕ/ОДИХР рече дека напорите во Македонија да се организираат фер и демократски избори, каде што волјата на граѓаните ќе биде испочитувана во целост, имаат силна поддршка од Европската унија.

 

Последни вести