fbpx

Медиумските курири, асоцијации и здруженија под контрола на Груевски шират говор на омраза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиумските курири, асоцијациите и здруженијата под контрола на Никола Груевски се единствените коишто шират говор на омраза, им се закануваат на новинарите и вршат притисоци.

Таквите асоцијации и здруженија јавно се радуваа кога новинари беа приведувани, молчеа кога се испраќаа венци пред домовите на новинарите, кога се притвораа новинари без основа, кога се отпушаа од работа…

Медиумските курири и здруженијата под контрола на Груевски ги следат „политиките“ на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години, со константни поделби, навреди, притисоци и закани кон новинари, медиумски работници и цели медиумски куќи.

Тоа е една од причините што во Македонија владее медиумски мрак. Тоа е една од причините зошто нема слобода на медиумите. Зошто земјава континуирано бележи пад на листитите на релевантните меѓународните институции, кога е слободата на медиумите во прашање.

И последениот извештај на релевантната Фридом Хаус и официјално потврди дека медиумите во Македонија не се слободни.

Извештајот наведува дека тоа е поради масовното прислушување на новинарите, корумпираните врски помеѓу високи функционери и сопственици на медиуми, како и зголемување на закани и напади врз медиумските работници.

Накратко, резултат на криминалното владеење на Никола Груевски и медиумскиот мрак, платен со пари на граѓаните.

Токму затоа, на Македонија и е потребно враќање на слободата, демократијата, владеењето на правото и европските вредности.

По демократските промени, во слободна Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ, слободата на медиумите ќе биде загарантирана.

Правото медиумите и новинарите слободно да работат и да известуваат во интерес на јавноста, ослободени од било каков притисок, ќе биде обезбедено.

Скопје, 17.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести