Соопштение за јавност
Граѓаните од селото Сопот, кавадаречко вчера го одбележуваа празникот Свети Атанасиј Велики, којшто е заштитник на селото и жителите со радост со слават.
Дополнителниот заменик министер Љупчо Николовски, на покана на лозарите од Сопот, беше гостин и посети неколку семејства.
Покрај празничната атмосфера лозарите се пожалија на тешката економската состојба во која се наоѓаат денес.
Од минатогодишната реколта во најголем дел на лозарите им се исплатени само 30% од предаденото грозје, иако според законот грозјето мораше да биде исплатено уште во април.
Субвенциите се исплаќаат селективно и нередовно а некои лозари и за 2014 година немаат земено субвенции.
Лозарите рекоа дека поважна им е исплата на откупеното грозје, отколку субвенциите. Се пожалија дека винарските визби иако го немаат исплатено ланското грозје инспекцијата не излегува на терен и таквите визби се толерираат од страна на власта во заминување.
Новата реколта е започната а интерес од винариите за потпишување на нови договори нема.
Николовски им порача на лозарите, на земјоделците, дека не се сами и дека ќе продолжи да работи за решавање на проблемите со коишто се соочуваат.
„Јас ќе продолжам да ги бранам вашите интереси. Секој ден. Криминалната власт заминува. Правдата ќе ги стинге сите што сториле криминал на штета на граѓаните, на земјоделците. По демократските промени, на слободни, фер и регуларни избори, Македонија ќе зачекори во сигурна и подобра иднина за сите. Промените носат вистински мерки за решавање на проблемите на земјоделите“ рече Николовски.
Кабинет на дополнителен заменик министер
за земјоделство, шумарство и водостопанство
Љупчо Николовски