fbpx

Прашање до Димитриев: Дали Џерси е првиот даночен рај пред потпишување на официјален Договор?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Техничката Влада на премиерот Емил Димитриев на последната владина седница наместо да разгледува информации за прочистување на Избирачкиот список и создавање на услови за регуларни и фер избори разгледуваше информација за склучување на Договор за одбегнување на двојно оданочување со островот Џерси.

Станува збор за држава позната како даночен рај со којашто техничката Влада на Димитриев очигледно ќе воспоставува соработка.

Дали приоритетот на техничката Влада на Димитриев е склучувањето на Договор со даночниот рај Џерси пред исполнувањето на условите за фер и регуларни избори што е всушност основна функција на оваа техничка Влада одредена со Договорот од Пржино?

На екс-премиерот Груевски и фамилијата на власт рајските шеми и острови им се добро разработена стратегија за изнесување на пари од државата па оттаму не изненадува фактот што и Димитриев верно ги следи со вакви скандалозни потези.

Прашањето до Димитриев е дали Џерси е првиот даночен рај пред потпишување на официјален Договор?

И дали откако беа откриени фирмите во Белизе, Џерси треба да биде новата пералница на пари за криминалите на власта?

 

Скопје, 13.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести