fbpx

Заев и Хајндл разговараа за решенијата за надминување на политичката криза во земјава

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придужуван од заменик претседателската Радмила Шекеринска, денеска се сретна со германскиот сепцијален пратеник, Јоханес Хајндл, во рамките на неговата дводневна посета на Република Македонија.

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба во Македонија и длабоката политичка криза, како и за стратешките цели на земјава на патот кон ЕУ и НАТО.

Претседателот Заев и специјалниот пратеник Хајндл разговараа за модалитетите за свикување на Собранието и одложување на изборите, како и начинот за поништување на одлуката на Горге Иванов за аболиција.

Претседателот Заев посочи дека СДСМ останува посветена на процесот за враќање на слобдата, демократијата и правдата во Македонија.

“Интересот на Македонија и на сите нејзини граѓани е оваа криза што побрзо да заврши и земјата да зачекори кон сигурна и подобра иднина. Во Македонина може и мора да има слободни, фер, демократски и регуларни избори за што е неопходно исполнување на сите услови.“, рече Претседателот Заев.

Скопје, 13.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести