Соопштение за јавност
По вчерашните измислени анкети, или како што самите велат „корегирани“, така наречениот институт на ВМРО-ДПМНЕ денеска испорача нова нарачка.
Очигледно Груевски не можел да се помири со фактот што јавноста дозна како „Павел Шатев“ ги штелува анкетите па дал налог за уште некоја корегирана анкета.
ВМРО-ДПМНЕ не може да ги погоди бројките ниту во своите нарачани анкети испорачани од нивната партиска испостава „Павел Шатев“.
Затоа бројките од измислените анкети ВМРО-ДПМНЕ и „Павел Шатев“ ги корегираат и по 4 пати.
Отворено остана прашањето која корегирана верзија од нарачаните анкети Никола Груевски ја смета за задоволителна за него? Втор пат корегираната анкета, дополнително корегираната, финално корегираната или ниедна?
Со „корегираните“ анкети „Павел Шатев“ потврди дека не спроведува никакво истражување на јавното мислење.
Граѓаните не веруваат на креираните и нарачани анкети на Никола Груевски.
Јасно е се. Граѓаните се на нозе.
Скопје, 11.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА