Соопштение за јавност
Народна банка потврди дека Богов ја дозволил продажбата на Алфа банка на консултант во Владата на екс-премиерот Груевски за екстремно ниска цена од само 1.2 милиони евра.
Се потврдува дека Богов свесно и намерно ја изоставил банкарската контрола или ја прикрива истата за да може да му удоволи на инвеститорот со сомнително потекло да влезе во банкарскиот сектор на Р.Македонија со купување на банка за само 1.2 милиони евра.
Богов се согласи Алфа банка да биде продадена за 6% од нејзината номинална вредност. НБРМ се повикува на моменталните пазарни цени на банките на берзата, но дали мислат дека е можно по тие цени некој да се стекне и со 10% од сопственоста на било која банка?
Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност при редовните банкарски контроли го забоколува или прикрива фактот што основниот капитал на Алфа банка е десетократо намален. Или ако постои воопшто таков извештај тогаш зошто Богов не реагирал соодветно?
Дали Богов како продолжена рака на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја повторува историјата со скандалозната продажба на Македонска банка за којашто слушнавме како Груевски договара милионски провизии со сомнителниот инвеститор газда Нини?
Дали и зад евтината продажба на Алфа банка се кријат милионски провизии?
Дали купувачот на Алфа банка, на кого претходно му бил одбиен влез од страна на НБРМ во банкарскиот сектор на Р.Македонија, ја добива Алфа банка за мали пари затоа што во меѓувреме станува советник на екс-премиерот Груевски за оф шор зони?
Наместо памфлетски соопштенија, Богов на јавноста и должи сериозни одговори
Скопје, 11.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА