fbpx

Груевски не може да го залажува охрабрениот народ, граѓаните се на нозе за иднината на Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Она што го прави аболицираниот Никола Груевски ги згрозува граѓаните при секое негово појавување.

Додека цела Македонија е на нозе, во одбрана на правдата, за враќање на слободата и демократијата Груевски е во кампања за непостоечки избори коишто нема да се случат на 5-ти јуни.

Нема избори без прочистен избирачки список, без реформи во медиумите, без одвојување на партијата од државата.

Новите лажни, виртуелни проекти на Никола Груевски не можат да го залажат охрабрениот народ кој се бори за слобода и демократија на улиците ширум Македонија.

Поради криминалните политики на Никола Груевски Македонија има проблем со корупцијата, криминалот, владеењето на правото, срушената економија, лошиот животен стандард на граѓаните.

Над 500 граѓани живеат во сиромаштија, невработеноста е огромна, владее криминал, се кршат законите, неконтролирано се задолжуваат идните генерации. Ова се однесува на сите граѓани. Секој сака подобар и сигурен, мирен, спокоен живот.

Затоа Македонија е на нозе.

Ова е борба за Македонија и нејзината иднина!

Или Груевски или Македонија!

Скопје, 10.05.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести