fbpx

Граѓаните жртва на покачените каматни стапки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност наместо бараните 9.43 милиони евра, запиша 14.1 милион евра во државни хартии од вредност со повисока каматна стапка. Сите 14.1 милион евра се нов нето долг.

Станува јасно зошто и НБРМ ја покачи референтната каматна стапка. Во услови кога има минимално намалување на девизните резерви и речиси целосно смирување на шпекулативните движења на менувачкиот пазар, покачувањето на каматата на благајничките записи имаше за цел да биде само алиби за зголемувањето на каматните стапки на државните хартии од вредност. Соочен со намалениот интерес, поради правната несигурност кај клиентите на домашниот пазар, Министерот Ставрески мораше да ги покачи каматните стапки, со цел да го продолжи галопирачкото темпо на зголемување на јавниот долг. Девизната клаузула кај 3-месечните записи имаше за цел само пролонгирање на нестабилноста на девизниот пазар.

Со одлуките за покачување на каматните стапки, граѓаните и стопанството ќе ја платат цената, за сметка на продолжување на неконтролираното задолжување на Владата чии денови се одбројани, а домашните банки ќе остварат дополнителни екстра профити.

 

Со почит,
Кабинет на Дополнителен заменик министер за финансии

 

Последни вести