Соопштение за јавност
Гувернерот Богов дозволи нетранспарентна продажба на Алфа Банка АД Скопје за 1.2 милиони евра.
Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност при НБРМ и гувернерот Богов треба да одговорат дали свесно дозволија раководството на Алфа банка да го ,,стопи“ основниот капитал на ова ниско ниво?
Дали намерно и свесно е изоставена банкарската контрола врз Алфа банка?
Дали Богов како верен соучесник на Груевски учествувал директно во ваквата таинствена и нетранспарентна продажба на банката за 1.2 милиони евра?
Во соопштението на НБРМ, гувернерот Богов признава дека зад оваа трансакција стои физичко лице кое формирало фонд токму за оваа цел, односно да ja купи банката по нереална цена, којашто е толку мала и за да може да се купи штедилница.
Богов да каже дали зад оваа нетранспарентна трансакција стои лице кое поседува и друг правен субјект којшто работи како консултант во Владата на екс-премиерот Груевски во областа на финансиските услуги?
Дали цената на транскацијата е толку ниска затоа што станува збор за човек кому му се познати шемите на функционирање на оф-шор зоните од типот на Панама?
Богов со ваквите неразумни и ефтини потези стана директен соучесник во прикривањето на криминалите на неговиот наредбодавател Груевски и власта во заминување.
Скопје, 10.05.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА