После Албанија и Косово, следна дестинација на мигранти е Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Не се само британските медиуми, многу светски медиуми имаат објавено анализи и информации од планот за „центри за враќање на мигранти“ од Британија и други земји на Балканот.

Косово стана првата земја која прифати одбиените мигранти од Британија. Албанија исто така се согласи за изградба на прифатни центри за мигранти но од Италија.

Пред 5 дена, „Дојче Веле“ објави дека 40 мигранти веќе беа донесени со воен брод во центрите во Албанија. Ете колку бргу се развиваат работите. „Мигрантите, треба да останат во камп во Албанија сè додека не бидат депортирани.“ пишува во текстот на Дојде Веле.

Британските медуими пак пренесоа дека Владата на Мицкоски и ДПМНЕ разговара за мигранти од Британија во Македонија. Британците известуваат дека е договорено по 20.000 фунти по мигрант, нивно вклучување на пазарот на труд, особено во градежништвото, како и долгорочно населување во нашата држава.

Ова е вистината!

Дали светските медиумите лажат? Дали СДСМ лаже?

Кој лаже? Власта на Мицкоски.

Владата нема пари, веќе недостасува 1 милијарда евра, очигледно сакаат да земат кредит од 6 милијарди евра а за возврат да донесат мигранти.

Граѓаните се против овие антинационални и андржавни политики на ДПМНЕ и велат НЕ за мигранти , НЕ за загрозување на безбедноста на државата.