Жерновски: Mигрантите ќе се движат слободно низ државата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со примањето на мигрантите, владата ќе направи исклучително небезбедна држава.
Веќе слушаме детали дека ќе бидат платени дваесет илјади фунти по мигрант. ‘Кои мигранти?’ Тоа се оние што Британија одбива да ги прими, а кој кај нас ќе се движат слободно“, рече Андреј Жерновски, член на ИО на СДСМ во дебатната емисија на Топ тема на Телма.

Жерновски посочи дека според информациите од британските власти и медиуми, мигрантите нема да бидат сместени во кампови, туку ќе имаат право слободно да се движат низ државата и да користат работни места, што особено носи ризици поврзани со ваквата ситуација.

„Не зборуваме за мигранти кои ќе бидат сместени во кампови и ќе ги чуваат чувари. Значи, тие ќе бидат тука меѓу нас, и ние ќе ги гледаме. Не сакам моите деца, нашите деца, да ги доживеат оние сцени што ги гледаме надвор , дивјаштва, грабежи, криминал. Тоа не сакам да го видам во нашата држава. Некој преговарал без да ги праша граѓаните, сам си зел право да разговара за тоа, и тоа сега излегува на површина. Бараме одговори, зошто ние како македонски граѓани да ја добиваме вистината преку медиуми од друга земја, а не од нашата влада, која преговара“, потенцираше Жерновски.

Тој додаде дека прашањето за мигрантите е нешто на што веднаш треба да се реагира, затоа што кога ќе бидат веќе испорачани тука, нема назад.

„Значи, или нема да има во Македонија шест милијарди евра, или нема да има мигранти , едното со другото не оди. Тоа е вистината што ја прашуваме уште од мај “, потенцираше Жерновски, додавајќи дека круцијалното прашање до власта е дали на Македонија, Британија би ѝ дала 6 милијарди евра без да прими ниту еден мигрант.