fbpx

Груевски го потврди криминалот со нарачаната аболиција од Иванов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На Никола Груевски му сметаат независните институции. Особено го иритира работата на независните институции коишто вистински се борат против криминалот и корупцијата.

Граѓаните многу добро знаат за криминалното однесување на Никола Груевски во изминатите години што им украде на граѓаните 10 години од нивниот живот.

Никола Груевски нека каже зошто нарача аболиција кај Ѓорге Иванов, спротивна на закон и Устав, ако навистина верува дека сите се еднакви пред законот?

Груевски го потврди криминалот со нарачаната аболиција од Иванов.

Отворањето на предметот „ТНТ“ на независната институција СЈО покажа зошто Ѓорге Иванов мораше да брза со аболицајата.

Да не беше срамната одлука за аболиција на Иванов денеска правдата ќе почнеше да го стасува Никола Груевски.

Граѓаните знаат дека Македонија се наоѓа во криза само за Никола Груевски да не оди во затвор.

Затоа Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат фер и демократски избори. Се плашат од соочување со граѓаните и одговорноста за криминалот и корупцијата.

Бегаат од прочистен избирачкиот список, реформи во медиумите и одвојување на партијата од државата. Затоа го прекршија Договорот од Пржино.

Македонија е на нозе. Доаѓа слободна и демократска Македонија.

Правдата, еднаквоста, слободата и демократијата мора да се вратат во Македонија.

Или Груевски или Македонија.

 

Скопје, 21.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести