fbpx

СДСМ Охрид: ВМРО-ДПМНЕ со притисоци и закани кон граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

Масовниот одѕив на граѓаните на секојдневните протести за слободна Македонија, уште еднаш ја потврди решеноста на граѓаните за враќање на слободата, демократијата и европските вредности во Македонија.

Уплашена од граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ се обидува со притисоци и закани да влијае врз нив.

Притисоците кои во текот на вчерашниот ден беа правени во сите локални и државни институции, установи и јавни претпријатија во Охрид, а беа насочени пред се кон вработените со договор на определно, продолжуваат и денес.

Повеќе училишта во Охрид денес работат со скратено работно време се со цел вработените да се подготвуваат за вечерашниот собир на т.н. ГДОМ.

Дел од вработените неможејќи да ги трпат притисоците, пријавиле во Државниот Просветен Инспекторат но од таму не добиле никаков одговор.

Свесна за целосно изгубената поддршка кај граѓаните, во страв од соочување со одговроноста за изборниот криминал ВМРО-ДПМНЕ во Охрид потворно ја злоупотребува локалната власт и државните институции за партиски цели.

Попладнево со организирани автобуси, вработени во државни институции принудени се да заминат во Скопје на контра-протести.

За овие злоупотреби мора да следуваат соодветни законски постапки. Секој што го прекршил законот мора да одговара.

Доаѓа слободна и деморкатска Македонија.

 

Последни вести