fbpx

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски 10 години ја задушуваат слободата на медиумите

Facebook
Twitter
LinkedIn

ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски 10 години ја задушуваат слободата на медиумите во Македонија.

Денешниот извештај на Репортери без граници е силна потврда за катастрофалната состојба на медиумскиот простор во земјава.

Според Репортери без граници, Македонија го зазема 118 место што е пад за цели 80 места од 2009 година до денес.

Наместо објективно, избалансирано, навремено и вистинско информирање на граѓаните медиумите на Никола Груевски шират лаги и водат медиумска пропаганда во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и заштита на криминалната банда.

Само Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ се виновни за убивањето на слободата на изразување и слободата на медиумите.

Затоа Македонија е на нозе.

Сите заедно, без разлика на политичка, национална или верска припадност, го креваат својот глас во име на демократијата и слободата.

Демократска Македонија бара слобода, бара слободни медиуми.

Клучни столбови на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија се слободни и независни медиуми.

Со промена на власта на следните фер и демократски избори, кога и да се случат, СДСМ ќе им гарантира на новинарите слобода да истражуваат и да информираат за сите случувања во државата, заштитени од притисоци.

Скопје, 20.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести