Соопштение за јавност
Пласманот на земјоделските производи цели 10 години е најболниот проблем на земјоделците за што криминалната влада на Никола Груевски не покажа никаков интерес да помогне.
Оставени сами, препуштени на уцените на трговците, десет години земјоделците напразно молат државата да им помогне.
Со години имаат неплатено грозје, пиперки, ориз, праски, домати и пченица кај откупувачите без да имаат било каква заштита од страна на владата да се почитуваат договорите за откуп.
За ова време, криминалецот Никола Груевски ја отвори Агробизнис зона за неговите постојани лажни ветувања и погрешни, криминални политики со коишто ги уништи земјоделците и македонскиот аграр.
Започна со „Свед Милк“, потоа со каубојски шешир најавуваше американски ранч во Македонија. Врв беше понижувањето на земјоделците со Субрата Рој, па се до пред една година кога го отвори откупно-дистрибутивниот центар „Аплленд“ со којшто само им ја намали цената на јаболката во Преспа.
Пропадна и најавата за Карго аеродром во Штип, од каде требаше да се извезува македонскиот зеленчук.
Но затоа „цветаа“ криминалите и злоупотребите на земјоделските ресурси од страна на власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Видовме како неговите членови во Влада потпишуваат анекс догоговори, ослободуваатфирми од плаќање закупнина за државно земјоделско земјиште,видовме како раководителина Подрачни единици делат земјоделско земјиште и како добиваат субвенции, како прекуфирми на власта приоритетно им се исплаќаат пари на режимските медиуми за хранење на медиумскиот мрак.
Милиони евра пари на вистинските земјоделци за изминатите години завршија во џебовите на фамилијата на Никола Груевски.
Сетоа ова со помош од таканаречените лидери на земјоделците кои во функција на службеници на власта ги држеа подалеку земјоделците и нивните маки од Илинденска бб. Нивното соучесништво во уништувањето на македонскиот земјоделец и македонскиот аграр е злосторство кое го чувствуваат сите граѓани преку уништеното домашно производство и зголемениот увоз на храна.
Секој од нив очигледно мора да си ја одработи задачата која сами ја прифатија и затоа некои седат во Управни одбори а други уште од времето кога се делат трактори од Јапонска помошги немаат платено.
Ваквите послушници се јавуваат во точно определени периоди кога им се потребни на ВМРО-ДПМНЕ, а ги нема кога земјоделците си ги бараат своите права.
Затоа и земјоделците се на нозе.
Криминалната банда на Никола Груевски ќе одговара за сите злосторства што им ги нанесе на граѓаните, на земјоделците.
Доаѓа слободна и демократска Македонија.
Или Груевски или Македонија!
Скопје, 19.04.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА