fbpx

Груевски е на шилото на вистината, бандата е избезумена

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Криминалната банда Груевски – Мијалков е избезумена.

Сфаќа братучедската двојка дека не може да се спаси под чадорот на Ѓогре Иванов што кисне.

И самиот Иванов, како и неговиот ментор Груевски е избран на криминални избори.

Злосторничкото здружение како што тимски се здружило, тимски и ќе одговара.

Гледаат Груевски и Мијалков, истрагата што ја отвори Специјалното јавно обвинителство, не може да ја затвори Иванов, бидејки судот и правдата се во рацете на граѓаните.

Граѓаните ќе им пресудат на Груевски, Мијалков, Иванов и нивните соработници.

Затоа Груевски во очај вади разобличени политичкиот спинови како што е конструираниот случај Глобал, што му гo разоткрија токму институции под негова контрола.

За потсетување има и највисоки судски пресуди што потврдуваат дека нема случај Глобал.

Прво Управниот, па потоа и Врховниот суд, потврдија дека Агенцијата за катастар на недвижности е должна да го запише објектот Глобал во катастарската документација. Агенцијата за катастар во 2014 година го впишат актот за легализација на Глобал, со што потврдија дека денационализација на земјиштето не постои. Според законот, ако на предметно земјиште има денационализација, не може да се впише во Катастар, ниту да добие одобрение за градба, ниту акт за легализација.

Со впишувањето во Катастар на актот за легализацијата на Глобал, власта го обезбеди крунскиот доказ дека случајот Глобал е безобразна манипулација на власта на Груевски.

Груевски е на шилото на вистината.
И убаво што ВМРО-ДПМНЕ потсетува на проектот Глобал, за граѓаните да се потсетат како власта на Груевски лажела.

А и како се работи во интерес на граѓаните, ако се знае и ако се сака.
-Од проектот Глобал плата земаат околу 400-тини граѓани на Струмица.
-Проектот е јавно приватно партнерство, без ниту денар потрошени општински пари.
-12- те милиони евра за изградба на Глобал се инвестирани целосно од приватни партнери на општината. Тие приватни компании што инвестирале во проектот, имаат продадено деловен простор за 8 милиони евра. Тоа се тие 8 милиони за коишто власта преку медиумите под контрола направи филм на лаги, што го разобличија токму нивни институции.
-Од овој проект општина Струмица има приход од 1.100.000 евра од комуналии и околу 500.000 евра данок на промет.
-Општината, без ниту еден потрошен денар е сопственик на затворениот пазар во Глобал, деловен простор и 17% од катната гаража.
-Во овој проект е изградена првата катна гаража во Македонија, којашто има 380 паркинг места како и најсовремен затворен пазар во државата.
-Овој проект е избран од ЕУ како најдобра пракса за јавно приватно партнерство и со средства на ЕУ е промовиран како успешна пракса во многу европски градови.

Никола Груевски во претседателот на СДСМ и градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев го гледа својот неуспех.

Затоа народот е на нозе.
Затоа народот ја зема правдата во свои раце.

Затоа народот избира промени.

Скопје, 17.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести