fbpx

Македонија е на нозе, Груевски и криминалната банда ќе одговараат за злостроството

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Македонија е на нозе во одбрана на уставниот поредок, државноста, законите и иднината на земјата.

Народот, граѓаните, без разлика на политичка, национална или верска припадност, заедно го кренаа гласот во име на демократијата, слободата, правдата.

Или Груевски или Македонија!

Граѓаните избраа: Македонија!

Тоа го означува крајот на криминалната банда на Никола Груевски.

Со директно урнисување на државните институции, помилувајќи се самите себе, со одбивање да се прочисти избирачки список и со рушење на Договорот од Пржино, Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сонуваат за уште една изборна кражба на волјата на граѓаните.

Затоа се кријат позади лажниот патриотизам, измислувајќи непријатели онаму каде што ги нема, блокирајќи ги ЕУ интеграциите, рушејќи ги односите со меѓународната заедница.

Џабе Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сонуваат, уште едни криминални избори Македонија нема да дозволи.

На 5-ти јуни избори нема да има!

Нема да дозволиме Никола Груевски и останатата корумпирана и криминална група да ја држи во заложништво иднината на Република Македонија и нејзините граѓани.

Злосторничкото здружение на чело со Никола Груевски ќе одговара за криминалот и злосторството врз сопствениот народ.

Доаѓа слободна и демократска Македонија!

Скопје, 17.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести