Мицкоски побегна од Резолуцијата, дури во Брисел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денес, кога Собранието треба да одлучува и кога опозицијата требаше да му поставува прашања на премиерот Христијан Мицкоски, тој наеднаш избега во Брисел.

Ја остави Резолуцијата на СДСМ непотпишана а контра Резолуцијата остави да ја туркаат неговите послушници од ДПМНЕ и ЗНАМ.

Оние што верно го следат предавството на својот претседател и оние што ЗНААТ дека ја предале Македонија за пари.

Толку за „храбриот“ Христијан Мицкоски.

Не смее да одговара на прашањата на опозицијата, затоа што вистината не може да ја погледне во очи!

Правдата ќе победи!