Соопштение за јавност:
Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, денеска ја претстави новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот – Македонски Истражувачки Центар за Корупција и Организиран Криминал, скратено М.И.Ц.К.О, која од денеска е активна и целосно оперативна.
(https://micko.mk/)
-Платформата е посветена на истражување и архивирање јавно достапни материјали и извештаи за наводни корупциски операции во Македонија. Што правиме? Истражуваме случаи. Длабински прегледуваме тендери, медиумски објави или случаи на корупција, вклучително и проверени судири на интерес и останати сомнителни операции во политиката, јавниот сектор, локалните и државните институции. Ги архивираме податоците, креираме регистар на наводни случаи со наведени извори, датуми и релевантни детали, овозможувајќи лесен пристап и пребарување. Промовираме транспарентност: Делиме анализи и известувања како граѓаните но и новинарите, експертите, невладините организации можат да дадат придонес, посочи Александар Саша Димитријевиќ член на ЦО, на СДСМ, на денешната прес-конференција.
Тој додаде дека од денес платформата е активна и целосно оперативна, на располагање на граѓаните и ги повика сите да пријавуваат.
-Ги повикуваме сите граѓани, невладини организации, истражувачи, новинари, медиуми, да ни се приклучат. Заедно се бориме против корупцијата и криминалот. Сите ќе одговараат, од прв до последен! Ова е заедничка борба за државата, за правдата. Работата не е завршена, потенцираше Димитријевиќ.


