fbpx

Џабе му е на Мијалков параванот Иванов, му следува судот од народот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Сашо Мијалков, како и неговиот братучед Никола Груевски, не може да се заштити зад параванот Ѓорѓе Иванов.

Под трул кров е исплашената, осамена, братучедска двојка Мијалков и Груевски.

Мијалков, под чија палка е прислушувана пола Македонија, ќе одговара пред граѓаните на Република Македонија.

Народот е на нозе, свирките на разбудена Македонија го означуваат крајот на драмолетките на криминалнтата банда.

Народот си ги враќа институциите во свои раце, тој ќе му пресуди на тимот на злосторот Груевски – Мијалков – Иванов.

Правдата не е кај Ѓорге Иванов, правдата е веќе кај граѓаните.

Заминува расипничката, корумпирана власт на чело со братучедите Мијалков и Груевски, која 10 години владее спротивно на Уставот и законите во државата.

Доаѓа слободна и демократска Македонија.

 

Скопје, 17.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести