Соопштение за јавност
Преземањето целосна контрола врз судството, неуставната Резолуција против слободата на говорот и пуштањето на Катица се дел од истото сценарио на власта.
Три години затвор ги заменија за три месеци кампања. Кампања против опозицијата, со Катица во главна улога, а во режија на Груевски и по сценарио на Вучиќ.
Copy-paste на моделот на српските пропагандни шеми. Таквата улога во Србија ја имаше Дијана Хркаловиќ, а денес во Македонија ја преземаат Катица Јанева и Боки 13.
Стара политичка сапуница, наменета за дискредитација на СДСМ и манипулација со јавноста, со цел дефокусирање и напад врз опозицијата во клучен политички момент, кога се дозна за темата – мигранти за пари.
Нема да ви помине!
Сите ќе одговарате!



