Соопштение за јавност
Од САД пристугнуваат најави за Закон за демократија и просперитет во Западен Балкан, кој беше усвоен во Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес минатата среда.
Посебен фокус се става на состојбите во соседна Србија, особено состојбата на демократијата која е оценета како „загрижувачка“, авторитарната контрола но и корупцијата.
САД реагираат дека власта на СНС ги обвинува мирните демонстранти, опозицијата и граѓанското општество за дестабилизираат Владата, што е оценето како „загрижувачко тврдење кое ја загрозува безбедноста на важни сегменти од српското општество“.
Секако тука е и корупцијата која се споменува меѓу главните политички лидери.
Граѓаните многу добро ја знаат поврзаноста на ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со СНС на Вучиќ. Сите политиките им се исти. Мицко, копира сè што прави неговиот српскиот „стрико“ Вучиќ.
Лажни вести, манипулации, напади на опозицијата, криминални тендери, корупција со бизнис шеми, контрола врз судството, задушување на медиумите, задушување на демократијата, на говорот за слобода, изолација од ЕУ….листата е огромна.
Copy-paste, исто како Вучиќ.
После воведувањето на овие санкии од САД за Вучиќ во Србија, прашањето е дали Христијан Мицкоски мирно спие?
Нема да ви помине истото сценарио!
Македонија не сака изолација! Македонија сака напред, во Европа!



