fbpx

Николовски се сретна со земјоделците од Пелагонискиот регион

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На барање на земјоделците од Пелагонискиот регион дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со советниците Ленче Николовска и Томе Мојсовски, денеска оствари средба со неколку земјоделци од селата Кукуречани, Велушина, и Радобор.

Проблемите во земјоделството се големи, почнувајќи од скапото производство па до нерешениот пласман на земјоделските производи и ниските откупни цени. Но најголем проблем на овие земјоделци се неисплатените субвенции неколку години по ред.

„Јас немам земено субвенции за 2013 година, за пченица иако ги имам исполнето сите услови, вакви како мене има многу земјоделци во селото“ – се пожали Тони Петковски од село Велушина.

Николовски посочувајќи дека исплатата на субвенциите е крајно нетранаспарентна и селективна, потсети на заложбите за редовна исплата уште од првиот ден со влегувањето во МЗШВ.

– Правата работа која ја направивме беше апел да се исплаќаат субвенциите навреме но и побаравме отчет за тоа на кого и колку субвенции се исплатени изминативе години. За жал Платежната агенција се покажа како најзатворената инајконтроверзната институција преку која Груевски и неговите блиски луѓе и фирми добиваат огромни субвенции, за сметка на вистинските земјоделци како вас. Ова го докажавме со неколку случаи и скандали кои ги отворивме во министереството, особено вам добро познатиот раководител на подрачната единица на министерството, Илија Србиновски.Токму затоа сакам да ве уверам дека ваквиот погубен начин на исплата на субвенциите ќе биде минато со промена на власта. Нашите заложби ќе бидат насочени кон редовна и навременена исплата на субвенциите тогаш кога ви се најпотребни, без разлика на вашата партиска припадност. Ние нема да ги делиме земјоделците на наши и ваши, секој што произведува чесно, ќе си ги добие овие пари што му следуваат со закон. Што се однесува до овие заостанати субвенции можам само да ви посочам да ги чувате белешките, ќе ви ги исплатиме веднаш по промената на оваа погубна власт – изјави Николовски и потсети дека субвенциите се државна а не партиска мерка и нив ќе ги има и натаму, во висина од 160 милиони евра, а ќе се исплаќаат со одредена динамика зависно од земјоделската гранка.

– Сточарите субвенциите ќе ги добиваат во јули, после жетва за да можат да купат поевтина добиточна храна. Поледелците во септември зада имаат пари да стават нафта во тракторите, да купат семе, ѓубрива и заштитни средства. Лозарите и овоштарите субвенциите ќе ги добиваат во февруари, пред новата сезона, а градинарите во март. Тутунопроизводителите субвенциите ќе ги добиваат веднаш по завршување на откупот на тутунот – изјави Николовски.

Земјоделците од Пелагонискиот регион се пожалија и на проблемот со поделбата на државната земјоделска земја која завршува кај луѓе блиски до власта, а тие немаат парче земја за обработка. На ова Николовски одговори дека по промената на власта ќе следува ревизија на поделбата на државната земјоделска земја и враќање на земјата во рацете на вистинските земјоделци.

 

 

 

Последни вести