Соопштение за јавност
Денес сме сведоци на уште една акција на ВМРО-ДПМНЕ за дефокусирање од главните и суштински теми:
• Резолуција со која се има за цел забрана на слободата на говорот, напишана од Ванчо Михајлов и Христијан Мицкоски, соработници на Александар Вучиќ.
• Темата „мигранти за пари“.
• Темата „Алта банка“ и криминалот што ја следи банката која е поврзана со Вучиќ во Србија и на Христијан Мицкоски во Македонија.
• Загадениот воздух.
• Колапсот во ЕСМ.
• И многу други важни теми кои директно го засегаат животот на граѓаните во Македонија.
Што прават кујните на ДПМНЕ?
• Нарачани лажни истражувања за наводно феноменалниот рејтинг на партија која се соочува со најголемата криза во својата понова историја.
• Текстови за Зоран Заев, кој веќе пет години е во политичка пензија.
• Напади врз „старите кадри“ на СДСМ – добро е што тие не мора да се правдаат, бидејќи за ДПМНЕ сите се „стари“, почнувајќи од Груевски.
• Текстови дека ДУИ земал некакви тендери во Лотарија, па тоа вештачки се лепи за СДСМ.
• Поднесување измислени кривични пријави.
Затоа, ВМРО-ДПМНЕ, слободно продолжете да ги пишувате овие глупости. Народот повеќе им верува на приказните на најголемиот лажго во историјата – Барон Минхаузен, отколку на вашите бајати, запрашени текстови и на новите стратегии на вашиот газда од Белград.
Искористете го тоа неограничено време што го имате во медиумите и одговорете им на граѓаните:
1. Кога ги закажавте изборите за да можете да ја завршите вашата измама и да ги донесете мигрантите?
2. Колку вкупно тендери сте наместиле?
3. Дали се плашите од санкциите од САД кои доаѓаат за корупција и криминал на Балканот?
4. Дали во буџетот недостасува една милијарда евра?
5. Што навистина стои зад договорите за кредитите што ги земате од Велика Британија?
Тоа ги интересира граѓаните, а не будимпештанските и белградските бајки. Сè ова е веќе видено.
Заборавивте дека сите знаат за вашата „препишувачка школа“ – copy-paste.
И уште едно прашање: кога започнува телевизиското гостување на вашата главна глумица, Катица?
Додека не дадете одговори на овие прашања, знајте дека ние работиме со полна пареа и ги подготвуваме сите докази за навистина да одговарате пред лицето на правдата.
Борбата започна. Нема да застанеме додека сите одговорни не одговараат.
Правдата ќе победи!




