Мицковиќ бара прошка од Даме Груев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денес, на одбележувањето на смртта на македонскиот револуционер, Даме Груев, Христијан Мицковиќ, соработник на Александар Вучиќ, последниот диктатор на Балканот, се обидува пред своето членство да се „испере“ од Ванчо Михајлов, по донесувањето на Декретот во Собранието за укинување на слободата на говор како од времето на Алолф Хитлер.

Доцна е за прошка. На сите им е јасно дека тој се штити самиот себе и својата криминална организација, оркестрирана од Белград.

Како што видовме изминативе денови, бројни членови на ДПМНЕ не сакаат да ја делат историјата со соработникот Христијан Мицковиќ.

Луѓето кои се верни на револуционерните идеи не можат да го прифатат најголемото прдавство на Македонија. Да се предаде татковината за пари е многу полошо отколку предавство поради идеали.

Наскоро го очекуваат бројни истраги, а потоа и меѓународни санкции, црни листи…

Ќе мора уште многу да се правда, а во историјата ќе остане запишано она што го направил.

Посетата на гробот на Даме Груев нема да му помогне – со тоа може само „да се слика“.

Во историјата ќе остане запишано, а наскоро и во обвинителството. До тој ден, знајте дека ние работиме и го подготвуваме вашето „затворање“.

Борбата започна и нема да застане додека сите што го прекршиле законот не одговараат пред лицето на правдата.