fbpx

Нова навреда, за ВМРО-ДПМНЕ и Ристовски студентите се виновни за хаосот во домовите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ДПМНЕ и Спиро Ристовски денеска повторно ги навредија студентите. За хаосот и нечовечките услови во студентските домови им се виновни студентите.

Криминалните политики на ВМРО-ДПМНЕ се демаскирани во целост и Ристовски не може за неговите пропусти и неговата неспособност да ги обвинува студентите.

Инцидентот со „реновираниот“ лифт по кој студентка заврши со скршена рака се случил многу порано од излегувањето на веста во медиумите.

Или Ристовски со денови намерно молчи за инцидентот или воопшто и не знае кога се случил.

Според информациите од студентите безбедносната врата на лифтот не функционирала долого време, но сепак лифтот бил оставен да работи.

Со тоа била загрозена безбедноста на сите студенти.

Токму заради нефункционалноста на безбедносната врата се случил овој инцидент.

Ова ја потврдува незаинтересираноста и негрижата на ВМРО-ДПМНЕ за условите во коишто живеат студентите во домовите.

Во 21 век, во студентските домови во Македонија се шетаат глувци и стаорци, лебарки се дават во порциите во мензите, нема парно , нема топла…

ВМРО-ДПМНЕ 10 години не прави ништо за да ги подобри условите за живот во студентските домови.

Но промените доаѓаат и тие ќе ги почувствуваат сите граѓани, вклучувајќи ги и студентите.

После победата на следните избори СДСМ ќе ги реконструира сите студентски домови и ќе изгради модерен и европски студентски град каков што заслужуваат студентите во Република Македонија.

 

Скопје, 03.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести