fbpx

ДУИ ја усложнува и дополнително ја комплицира политичката криза

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со денешниот потег ДУИ ја усложнува и дополнително ја комплицира политичката криза во Република Македонија.

ДУИ еднострано напушта техничка влада, формирана согласно Договорот од Пржино, за спроведување на слободни, фер и демократски избори во Македонија.

Во периодот кога во рамки на проектот Вистината за Македонија беа објавувани докази и аргументи, за криминалот и курупцијата на коалициската влада, и кога стана јасно дека масовното незаконско прислушување на граѓаните се спроведувало во МВР, ДУИ ниту еднаш не повика на одговорност.

Ниту ДУИ го повика својот коалициски партнер ВМРО-ДПМНЕ на одговорност, ниту пак функционери од ДУИ, коишто учествувале или дозволиле масовна операција за наршување на приватноста на граѓаните, понесоа одговорност.

СДСМ остро го осудува објавувањето на снимки коишто задираат во приватноста на граѓаните и личниот живот.

Потсетуваме дека дел од незаконски прислушкуваните разговори беа доставени до СДСМ но, СДСМ ниту еднаш не дозволи да биде загрозена приватноста на граѓаните. Се она што беше објавено е во интерес на јавноста и соочување со криминалното владеење на владејачката коалиција.

Ги повикуваме сите оние коишто поседуваат материјали и снимки да ги достават до надлежните институции.

Воедно, бараме сите надлежни институции да спроведат темелна истрага за објавените снимки.

Скопје, 01.04.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести