Најголемиот пријател на Мицкоски, Орбан го поддржуваше Мадуро

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

САД спроведоа конкретни дејствија поврзани со криминални активности во Венецуела, при што цел беше Николас Мадуро.

Христијан Мицкоски, од една страна тврди дека ги поддржува САД дека Владата ја поддржува акцијата во Венецуела, а од друга страна изјавува дека била спротивна на меѓународното право.

Значи Мицкоски ја поддржува, ама и не ја поддржува акцијата на САД.

Пред оваа интервенција на САД, кои беа единствените европски политичари и држави што отворено го поддржуваа и градеа соработка со Мадуро?

Тоа беа најблиските сојузници и пријатели на Мицкоски: Виктор Орбан во Унгарија и Александар Вучиќ во Србија и сестринската партија на ВМРО-СНС.

Вучиќ само пред неколку месеци најавуваше продлабочување на соработката со Мадуро, додека Виктор Орбан со години беше еден од неговите најгласни поддржувачи во Европа.

Граѓаните одамна ја знаат поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски со неговата сестринска партија СНС на Вучиќ. Освен идентичните политики, „copy-paste“ сценаријата, СДСМ откри и конкретни бизнис-релации, преку скандалот со Алта банка.

Во своето последно интервју, Мицкоски отворено зборува и за својот „близок пријател“ Виктор Орбан – политичар кого Европската унија го обвинува за корупција, особено по скандалите со имотот што се води на име на неговиот татко.

Што е заедничко за сите овие десничарски политичари?

Заедничко е тоа што околу сите нив се отвораат тешки и сериозни теми за криминал, корупција и подривање на демократските институции.

Во САД беше усвоен и Законот за Западен Балкан, потпишан од Доналд Трамп, со јасен и недвосмислен фокус на борбата против криминалот и корупцијата во регионот.

По сите овие факти и по судбината на неговите најблиски политички пријатели, логично се наметнува едно прашање: дали Христијан Мицкоски спие мирно?