Бранко Информер Героски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денес повторно сме сведоци на примитивен напад од страна на Бранко „Информер“ Героски, новинар во обид.

Бранко „Информер“ Героски е школуван од српската Безбедносно-информативна агенција (БИА) и со години работи за потребите на СНС и на Александар Вучиќ.

Неговиот најнов памфлет, полн со навреди, закани и нервоза, не е ништо друго освен очајнички обид да се одвлече вниманието од неговите мрачни врски и антидржавни активности.

Во моментот кога на виделина излегоа врските меѓу ВМРО и СНС, влијанието на Вучиќ врз Мицкоски, и кога целиот криминален свет се тресе поради американската акција против Мадуро, тој повторно се заканува и напаѓа со измислени податоци, со цел да се замолчи СДСМ.

Бранко „Информер“ Героски комуницира на ист примитивен начин како и Драган Ј. Вучиќевиќ, сопственик на медиумската куќа „Информер“ во Србија. Ги користи истите методи, истите навреди, истата школа на дезинформирање и ширење омраза.

И двајцата се мајстори за валкање, но Героски е само локална копија, обучена да шири хаос во Македонија по налог на СНС.

Да ги потсетиме граѓаните на Македонија: во станот на Бранко Героски (кој, наводно, го издавал под закуп) престојувал припадник на БИА! Тој агент бил присутен, координирајќи активности, веројатно со цел дестабилизација на државата. Тоа не е случајност, туку дел од планот на службите, по налог на Вучиќ, за мешање во нашите внатрешни работи — исто како што тоа го прават во Србија преку своите медиумски марионети.

Героски се фали дека е со семејството бидејќи е недела и дека денот ќе го посвети на „најблиските“, а во исто време повторно со лаги се обидува да го наклевети претседателот на СДСМ. Толку за него, „финиот“ и „семејниот“ човек.

Тоа е класичен спин, метод кој го користат слугите на БИА во Србија: се закануваат со објавување измислени компромитирачки содржини за да ги замолчат неистомислениците. Ист начин на работа, иста школа на валканост.

Покрај навредите, Героски вели: „На лудаците од кланот Дубаи им го порачувам мојот мамурлак и мојата нервоза да ги залечат со јува, со шмркање и со боцкање, или на друг начин.“

Ова е начинот на кој екипата од ВМРО беше учена уште пред десет години од тогашната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во времето на Никола Груевски, додека се возеше во украдениот БМВ-џип на Дејвид Бекам. Гледаме дека и денес го применуваат тоа „научено“ знаење и дека тоа стана дел од традицијата на ВМРО. Нервозата е очигледно присутна во „тендер-коалицијата“ на која ѝ припаѓа.

Героски не е ништо друго освен алатка за уцени и ширење лаги, обучена да уништува одвнатре.

Но, најважното: Героски е разоткриен!

Тој работи за ВМРО, како нивен „спијач“ кој со години дејствува против СДСМ. Координира медиумиски активности со Јован Деспотовски, тоа „кукавичко јајце“ внатре во СДСМ, квислинг и учесник во големата предавничка операција против Македонија, што се спроведува под акцијата „мигранти за пари“.

Сето ова се случува со цел дестабилизација на нашата партија, по отворањето на аферите преку активностите на нашиот Антикорупциски тим (АКТ).

Една од тие афери е и Алта банка, која со докази е поврзана со Вучиќ и неговиот режим.

Дополнително, Героски учествува во кампањата за поделба на општеството што ја води Христијан Мицкоски, нарекувајќи го секој неистомисленик „талог на општеството“ и „медиокритет“.

Героски е уште повулгарен и попримитивен во својот дел од кампањата за ВМРО. Тој го етикетира СДСМ како „Дубаи клан“. Оваа етикета од кујната на лаги на ВМРО сме ја гледале безброј пати во нивните наслови. Оттука и совпаѓањето со истите навреди што се обидуваат да ги залепат на СДСМ.

Тоа е чиста стратегија на омраза, идентична со онаа што СНС и медиумите на Вучиќ ја шират во Србија.

Овој „АЛТА“ новинар е партиски војник, агент на ВМРО кој сега е разоткриен. Неговите напади само потврдуваат дека сме на вистинскиот пат — во борбата против корупцијата и странските влијанија.

Нема да застанеме! Ги повикуваме институциите да ги истражат неговите закани и да докажат дека не се под влијание на неговите пишувања, особено изјавите дека „нема да се одѕове на информативен разговор“.

Со ова непочитување на правниот систем, навредувањето на полицијата и нејзините службеници, тој се обидува да ја сруши секоја најава за демократско општество во Македонија.

Со нашите заложби порачуваме дека со ова се штити слободата на говорот од ширење секакви фабрикувани дезинформации. Се штити новинарската професија. Се запира валкањето на честа на секој новинар кој чесно си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија.

По овие навреди, ќе поднесеме уште една претставка до ЗНМ, од кои очекуваме не само осуда, туку и конкретна акција во рамки на сите расположливи правни средства, со цел запирање на ширењето омраза и поделби во нашето општество.

Бранко „Информер“ Героски, со сите придружни прекари како Геро, Фрљо, Фрфљо, како и да се нарекиваш — РАЗОТКРИЕН СИ!

„Информер“ има повеќе значења, нели?

И не е „ха-ха-ха“… нема да биде смешно, затоа што веќе не им е смешно ниту на граѓаните на Македонија.

СДСМ останува силен, обединет и посветен на граѓаните.

Героски и неговите газди нема да нè запрат!

Борбата започна и нема да застане!