Претседателот на Комисијата за животна средина, Пеце Мирчевски, заедно со претседателката на Комисијата за администрација и информатичко општество, Цветанка Иванова и претседателот на Надзорниот одбор на СДСМ, Мирослав Вуиќ, остварија средби со граѓаните од Прилеп, Кривогаштани и Долнени.
На средбите се раговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат граѓаните и решенијата од програмата на СДСМ.
-Ни го укинаа социјалното. Власта во заминување мисли дека ќе ги уценува граѓаните, сиромашните. Потрошија стотици милиони евра на споменици од стиропор, а ние со 2000-3000 денари треба да го преживееме месецот. Па кој го има ова, се пожали еден од граѓаните.
-Резултатот на таквата криминална политика на ВМРО-ДПМНЕ е лош животен стандард, голема невработеност, иселување на стотина илјади граѓани надвор од Македонија, кршење на правата и законите, неконтролирано задолжување на сегашните и идните генерации, исчезнати милијарди евра преку незабележана корупција, изборна измама и медиумски мрак, рече Мирчевски.
Со мерките во Програмата на СДСМ ќе ја обновиме економијата во Македонија, силно ќе ги помогнеме домашните мали и средни претпријатија за отворање на нови работни места со достоинствени, повисоки плати, рече Мирчевски.
-За подобар живот на пензионерите коишто ја граделе и создавале Македонија со својата работа им следува сигурна пензија. СДСМ во својата програма гарантира подобар квалитет на животот на пензионерите, сигурна и бесплатна здравствена заштита, како и зголемување на пензијата во однос на зголемување на платите и трошоците за живот, додаде Мирчевски.
Откупната цена на тутунот е многу ниска. А исплатата од откупните центри доцни со месеци. По демократските промени сите очекиваат да се подобри и ситуацијата на тутунопроизводителите.
-СДСМ со новата аграрна политика ќе обезбеди зголемување на субвенциите на 160 милиони евра годишно коишто ќе бидат навремени и кога им се најпотребни на земјоделците. Дополнително ќе стимулираме квалитет за тутунот со субвенција за прва класа, рече Цевтанка Ивановска.
Поразителните бројки со кои дури 50% од младите се невработени ја направија Македонија да биде лидер во регионот по невработеност. Мерките на СДСМ се гаранција за отворање на нови работни места за младите. Целта на СДСМ е младите да живеат во сопствената држава, да работат и да бидат со своите најблиски, рече Мирослав Вујиќ.
Со победата на изборите, СДСМ ќе ја преземе одговорноста дадена од поддршката на граѓаните, и со новата програма и новата енергија ќе ја поведе Македонија во сигурна и подобра иднина!