fbpx

Груевски не може да распределува државно земјоделско земјиште затоа што тоа не е во сопственост на ВМРО ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Реакција од кабинетот на заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски

Поделбата на државното земјоделско земјиште од страна на Груевски, од она што можевме да видиме, е едно од главните злоупотреби во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тоа земјиште најчесто завршува кај луѓе блиски на Груевски и фамилијата како основен услов за злоупотреба на субвенциите.

Груевски најави дека ке подели нови 7 000 хектари државно земјоделско земјиште. Поделбата ке биде направена во Секретаријатот на Влада на РМ, каде што земјоделците ке бидат поделени според изборната потреба на Груевски.

Досега докажавме како Груевски ја има делено земјата, а за тоа пример е случајот со Илија Србиновски, за кој денес и СВР Битола поднесе кривична пријава.

Како Груевски ја дели државната земјоделска земја покажува и случајот со Христијан Делев кој само преку три анекс договори ослободува фирми од плаќање на закупнина околу 9 000 хектари државно земјоделско земјиште.

Груевски не може повеќе да распределува државно земјоделско земјиште затоа што тоа не е во сопственост на ВМРО ДПМНЕ.

Поради сето ова потребна е ревизија на распределба на земјоделското земјиште и враќање на земјата кај вистинските земјоделци.

 

 

Последни вести