Соопштение за јавност
СДСМ во Програмата превидува до 33 милиони евра, или 64 илјади вработувања по основ на активни мерки за вработување. Малите и средни претпријатија ќе добиваат годишно од 20 до 50 милиони евра државна финансиска поддршка, наместо досегашните 2 евра по фирма што им ги дава власта, што ќе значи дополнителни работни места. Ќе ги покренеме домашните капацитети, како на пример предвидениот рестарт на ТЕЦ Неготино, што ќе овозможи отворање плус работни места. Ќе отвориме можност за отворање бизнис со само 1 евро влог, со обезбедени просторни и административни услови од државата, што ќе значи плус нови реални работни места. Ќе воведеме Младинска гаранција, еден вид субвенција за младите, преку којашто дипломирани млади луѓе ќе добијат шанса за вработување, тоа ќе бидат плус вработувања. Преку проектот бизнис инкубатори за млади предвидени се по 10 илјади евра за секоја добра бизнис идеја на младите луѓе, што ќе придонесе за нови вработувања.
Ова се само дел од мерките на СДСМ во Програмата што се однесуваат на реално решавање на еден од најголемите проблеми во државава, невработеноста.
Ќе обезбедиме и реални странски инвестиции што ќе отворат реални работни места.
Граѓаните го чувствуваат економскиот крах од несериозните, криминални, корупциски политики на 10-годишната расипничка власт на Никола Груевски.
Затоа Груевски и Ставрески, како обезглавени тресат виртуелни вработувања во виртуелни нули, на кои никој повеќе не верува, па ни тие самите.
Затоа кумот и кумашинот нервозно најавуваат едни исти виртуелни инвестиции и вртат едни исти бројки што и по 10 години се во “ќе“ форма.
Затоа бум, ама неинвестициски, му се случува на Никола Груевски.
За тоа во реалноста сведочат: затворената фабрика за чипс во битолско, затворената фирма Продис, затворената фабрика Улак амбалаж, заминатата компанија Индо минерали и метали, непостоечките туристички комплекси и крави на Субрата Рој, криминалното досие на странски инвеститор кој никогаш не изгради фабрика за печурки во Свети Николе, празната писта за неслетаниот инвеститор во Ранковце…
Доаѓа крајот на власта на Груевски и домаќинска Влада што ќе ја добие одговорноста да ја предводи СДСМ, а со тоа и нова просперитетна иднина за граѓаните на Република Македонија.
Скопје, 31.03.2016