fbpx

МИОА во 3 наврати со 3 различни податоци за вкупниот број на институции и вкупниот број на вработени во јавниот сектор

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Почитувани,

На денешната прес конференција, Министерката за информатичко општество и администрација, г-ѓа Марта Арсовска Томовска по кој знае пат изнесува од ракав извадени бројки за вкупниот број на институции и вработени во јавниот сектор.

Македонската јавност е сведок дека во последните 6 месеци, Министерството за информатичко општество и администрација, во 3 наврати, соопшти 3 различни податоци за вкупниот број на институции и вкупниот број на вработени во јавниот сектор.

Во наредните денови, детално ќе ја запознам јавноста со сите факти поврзани со брзоплетото и хаотичното собирање и објавување на податоците од Регистарот.

Кабинет на дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски

 

 

Последни вести