Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски се фатени живи во криминал, корупција и изборен грабеж преку бројни злоупотреби на државните институции.
Стравот и паниката од соочување со одговорноста за криминалот и корупцијата во изминатите 10 години ВМРО-ДПМНЕ го манифестира и преку хаотични соопштенија со директни закани врз вработени професионалци во институции коишто го гонат криминалот.
Граѓаните знаат зошто ВМРО-ДПМНЕ е во паника, зошто со внимание ја следи работата на Министерството за внатрешни работи и зошто покажува огромна нервоза од професионалната и одговорна работа на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Секој што го прекршил законот знае дека ќе одговара.
Нема веќе МВРО-ВМРО. Се работи по Устав и Закон, во интерес на сите граѓани и во интерес на Република Македонија.
Неуспешен е каков било обид за закана или заплашување од страна на криминалната банда на Никола Груевски.
Нема бегање од одговорноста.
Со победата на следните фер и демократски избори, СДСМ ќе ја преземе одговорноста дадена од поддршката на граѓаните и со новата програма ќе ја поведе Македонија во сигурна и подобра иднина!
По демократските промени, државните институции ќе бидат департизирани, деполитизирани и професионални, во интерес на сите граѓани на Република Македонија.
Скопје, 29.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА