Периметар Сомалија – тоа е дипломатијата на Мицкоски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Македонија, со политиката на изолација заврши на листа со 75 земји, меѓу кои е и Сомалија, во категорија земји кои се оценети како „трет свет“.

Периметар Сомалија, тоа е дипломатијата на Христијан Мицкоски.

Минатата година САД ги зголемија царините кон Македонија. Сега, следува и суспензија на визите.

СДСМ со месеци предупредуваше дека тендер коалицијата ВМРО–ЗНАМ го загрозува стратешкото партнерство со САД и ја носи државата во изолација далеку од ЕУ.
Најблискиот соработник на Мицкоски во Владата, Иван Стоилковиќ, има јасни и отворени проруски ставови и директни врски со Москва.

Паралелно со антиамериканските активности, Владата на Мицкоски води и отворена анти-ЕУ кампања. Намерно продуцира судири со соседите, со Грција и Бугарија, намерно се отвораат затворени прашања и се измислуваат изговори за блокада на европските преговори.

Сѐ со цел да се оправда изолацијата.

Нема реформи, нема напредок. Има само криминални тендери.

Паниката во тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ е очигледна. САД носат специјален Закон за Западен Балкан, насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата.

СДСМ ќе продолжи јасно и гласно да ја разоткрива оваа опасна агенда.