Владата нема пари за војниците, има само за криминални тендери

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Две години нема зголемување на платите во Армијата. Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту за војниците, ниту за кој било друг работник во државата.

Владата на Мицкоски нема пари за луѓето, има пари сaмо за криминални тендери и сомнителни зделки.

161 тендер за една фирма, 51 тендер преку општините на ВМРО, 9 милиони евра за фирма со еден вработен, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта. Само за ова има пари владата на Мицкоски.

За разлика од оваа криминална власт, во времето на СДСМ платите растеа во сите сектори. Седум години по ред платите континуирано се зголемуваа и парите завршуваа кај граѓаните, кај работниците, во семејните буџети.

Денес, со ВМРО, парите не завршуваат кај граѓаните туку во тендери.

Дупката во буџетот е огромна – недостасуваат околу 2 милијарди евра. Тоа е резултат на криминалот со тендери но и на погрешните политики на изолација, конфликти со стратешките партнери и водење држава во погрешна насока.

Затоа денес Македонија е ставена на листата на САД заедно со Сомалија.

Одбраната на државата е сериозно и стратешко прашање. Владата мора да ги покачи платите на војните.

Како членка на НАТО, Македонија мора да има силна и стабилна одбрана, а тоа не е можно без задоволни, мотивирани и достоинствено платени војници.