fbpx

Се ближи денот кога Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе го добијат вистинскиот отчет од граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Криминалната банда што ги крадела парите и гласот на граѓаните, предводена од Никола Груевски, најмалку може да говори за т.н. почитување на граѓаните и грижа за нив.

Вистината е дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не се грижат за граѓаните и нивните потреби.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се грижат исклучиво за своите бизнис интереси и тендер политики.

Благодарение на Никола Груевски, во Македонија од ден на ден се живее потешко, а граѓаните едвај врзуваат крај со крај.

Поради криминалите на Груевски и фамилијата задолжени се сите граѓани, нашите деца и внуци.

Поради криминалите на Груевски и фамилијата, 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, додека 180.000 живеат со по 40 денари на ден.

50.000 работнички и работници во текстилна и кожарска индустрија ги оставија без минималната загарантирана плата со што создадоа нееднаквост меѓу работниците во Македонија.

626.312 луѓе се иселија од државата, пред се млади, образовани граѓани, поради невработеност.

Криминалните политики на Груевски им ги стопија годишните усогласувања на пензиите на пензионерите, давајќи им лажни покачувања на пензиите.

ВМРО-ДПМНЕ со лажните политики за поттикнување на вработување секојдневно ги празнат фондот на ПИОМ и Фондот за здравствено осигурување. Според извештајот на Светска банка за 5 години Македонија ќе има проблем со исплата на пензии.

Вистинскиот отчет на Никола Груевски пред граѓаните доаѓа по демократските промени.

По промените, СДСМ ќе ја преземе одговорноста, дадена од поддршката на граѓаните, и со новата програма ќе ја направи Македонија подобро и посигурно место за живеење.

Скопје, 27.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести