Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во чест на најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, како и до сите граѓани од католичка вероисповед и други кои го празнуваат денешниот ден.
Ви го честитам од срце големиот христијански празник, Воскресение Христово – Велигден, во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и во мое име.
Пожелувам добро здравје, мир, семејна харомонија и лична и колективна благосостојба за сите.
Ова се времиња на големи предизвици, што ја искушуваат вербата во вистината и правдата и истрајната посветеност кон базичните вредности на човековата личност што водат кон спокој.
Но секој предизивик е шанса за нов почеток.
Големите празници носат и голема духовната сила, потребна на секој кој се определил за патот на доброто.
Денешниот ден, овој најголем христијански празник на победата на животот над смртта, нека ја поттикне таа духовна сила, храброст, трпелливост, мудрост во секое срце.
Тргнувајки од овие чесни определби, да ја исполниме нашата обврска како луѓе и заедно да градиме општетство на задоволни и среќни граѓани, низ меѓусебна поддршка, разбирање и почит.
Среќен празник!
Скопје, 27.03.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА