Филипче повика на обединување: За да го победиме ова зло надвор, мора прво да бидеме челични внатре

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

За да го победиме ова зло надвор, мора прво да бидеме челични внатре, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на 31-от Конгрес на СДСМ. Филипче нагласи дека вратите на СДСМ за секој што и мисли добро на државата.
„Знам дека во минатото имавме турбуленции. Знам дека имаше разочарувања. Некои си заминаа, некои се вратија, а некои сè уште стојат на прагот и калкулираат. Сакам денес да бидам кристално јасен. Вратите на СДСМ се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, за секој работник, за секој интелектуалец кој ѝ мисли добро на државата. За да го победиме ова зло надвор, мора прво да бидеме челични внатре “, порача Филипче.

Притоа претседателот на СДСМ Филипче рече дека партијата не е место за пазарење функции туку е армија на вредности.

„Дозволете ми да испратам една порака до оние кои мислат дека можат да седат на две столчиња. До оние кои мислат дека можат да бидат во СДСМ, а да работат за интересите на власта, или да формираат фракции, нови движења и сето тоа само за нивни лични интереси. Тоа време заврши. Денес ставаме точка на разединувањето. СДСМ не е пазар за пазарење функции. СДСМ е армија на вредности. Кој сака да се бори рамо до рамо со нас добредојден е вистински, искрено, братски. Но, кој планира да нè поткопува од внатре, кој планира да биде „Тројански коњ“ на ВМРО или на некои други интересни групи нека си замине веднаш“ порача Филипче.