Соопштение за јавност
Христијан Делев ги потврди доказите кои ги обзнанивме за анекс договорот кој го потпишал без овластување, со што од 2004 до 2007 година го ослободува од плаќање на закупнина ДПТУ „Лозарство“ ДОО Таринци и дополнително без јавен оглас им ја зголемува површината од 329 на 334 хектари.
Делев само го потврди прекршувањето на Законот за трансформација на претпријатијата и задругите со општествен капитал кои стопанисуваат со земјоделско земјиште.
За жал ова не е единствен ваков случај во кој е вплеткан овој пулен на Груевски.
Го повикуваме Христијан Делев сам да каже и со кои други фирми ги има направено истите злоупотреби во МЗШВ.