Соопштение за јавност
Денеска откриваме нова бомба, нов скандал, пирамидална мрежа на тендери и фирми која води директно до кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски и неговиот шеф, Владимир Нелоски“, посочи генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција на АКТ.
Димитријевиќ појасни дека Оливера Доновска, сопруга на сопственикот на „Пирамид Билдинг Солушнс“, Петар Доновски, (фирма која добила 51 тендер од општини под контрола на ВМРО), е сопственичка и управителка и на трговската фирма со облека „ТРГО СТРОЈ“ ДОО Скопје, каде како содружник влегува таткото на шефот на кабинетот на премиерот Мицкоски.
„По доаѓањето на власт на ВМРО, или точно на 11.04.2025 година, како содружник во фирмата ѝ се приклучува Јовица Нелоски. Кој е Јовица Нелоски? Татко на Владимир Нелоски, шеф на кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски. Дали сега е јасно?“, посочи Димитријевиќ.
Ова е уште еден доказ дека тендерските шеми и фамилијарните фирми, освен што се партиски и фамилијарно поврзани, водат директно и до кабинетот на Мицкоски.
„ Во ВМРО секој функционер или негов роднина има фирма. А како што покажавме имаат и тендери. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општини, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта. Нема пари за поголема минимална плата, нема пари за плати и за пензии, но има пари само за тендери. Антикорупцискиот тим на СДСМ ќе продолжи со објавување на нови факти и докази за тендерските шеми и криминалите на власта“, порача Димитријевиќ.


