Случајно таткото на Нелоски има фирма и случајно се поврзува со тендерските мрежи?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Шефот на кабинет на Мицкоски, Владимир Нелоски, потврди сè што објави СДСМ, но тоа го правда со „има право да работи“ и дека фирмата на неговиот татко „не учествува во државни тендери“.

Но, што сака да каже Нелоски, дека случајно неговиот татко има фирма?

Дека е случајно што таа фирма е поврзана со сопругата на сопственикот на Пирамид билдиг солушн (Оливера Доновска) која има 51 тендер од општините на ВМРО?

Дека е исто така случајно што Доновска е поврзана и со фирма на Филип Гулевски, кој пак со друга фирма добил тендер од Министерството за спорт од 1,1 милиони евра?

Сè е ова случајно?

Случајно се сите поврзани фамилијарно и со бизниси?

Очигледно Нелоски и ВМРО ги сметаат граѓаните за наивни и сакаат да ги поигруваат со нивната интелигенција.

Во ВМРО секој функционер или негов роднина си има фирма. А, како што покажавме, имаат и тендери.

161 тендер за една фирма, 51 тендер за фирма преку општини, 9 милиони евра за двајца вработени, 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта.

Тендерските шеми и фамилијарните фирми, освен што се партиски и фамилијарно поврзани, водат директно и до кабинетот на Мицкоски.