fbpx

Поврзаноста на судството со медиумскиот мрак доказ зошто се потребни рефроми во медиумите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

На сите им е веќе јасно дека Никола Груевски се плаши од соочување со одговорноста за криминалот и изборните измами. Вистината проби како шило по објавувањето на стотиците илјади спорни и фантомски гласачи во избирачкиот список.

Затоа Никола Груевски бега од реформи во медиуми. Се плаши од вистината, се плаши од правдата.

Затоа партиско-фамилијарните испостави на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски во судството се директно поврзани и со контролата врз медиумските курири.

Но, нема бегање од вистината. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе одговараат за своето криминално владеење. Ниту нивните партиски испостави во судството нема да ги спасат.

Слободанка Гошева Гиевска, ќерка на претседателката на Уставниот суд Елена Гошева, е директорка за регулатива и големопродажба во Телеком.

Се уште нема одговор на прашањето дали оваа позицијата во Телеком е награда за Слободанка Гошева Гиевска за послушноста на нејзината мајка, Елена Гошева?

Особено што главен и извршен директор во Телеком е кумашинот на Сашо Мијалков, Жарко Луковски.

Јавноста дозна за поврзаноста на радиото Слободна Македонија со фирмата НВСП на Владислав Стајковиќ, близок до братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Преку медиумскиот мрак Никола Груевски сака да ја сокрие вистината дека фамилијата, години наназад, не само што ги крадела парите на граѓаните туку го краделе и правото на слободен глас, правото на слободен избор.

Сопственик на фирмата НВСП, основач на СГС, е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Луковски.

Стајковиќ е овластено лице и на фирмата „Мобико ДООЕЛ“, каде што газда е токму Жарко Луковски.

“Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, коишто за три години оствариле приходи од 3 милиони евра.

Затоа овие медиуми ги бранат партиски диригираните одлуки на Уставниот суд во одбрана на изборниот криминал бидејќи се потврди дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги краделе изборите.

Тоа е уште еден доказ зошто е потребна реформа на медиумите.

Скопје, 22.03.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести